October 19, 2020 23:57
Македонија

Македонија тоне во сиромаштија, а мафијата предводена од Заев склучува милионски тендери

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

Без никаков срам СДСМ се фали дека води грижа за граѓаните, кога во време на пандемијата поради нивните лоши политики над 40.000 граѓани останаа без своите работни места. Криминалната влада на  СДСМ најави четврт сет на антикризни мерки, но тоа  е уште една нивна голема лага зошто ништо  од тоа не знаат и не умеат да реализираа. Но, тие не беа способни да ги реализираа и третиот сет на мерки кој ги најавија.

Поради нивната неспособност економијата секојдневно се повеќе тоне. Досега Македонија има најголем историски пад на БДП од 12,7%. Иако СДСМ потрошија 1 милијарда евра, нема никаков раст, а државата се повеќе тоне. И додека тоне се Заев ја поскапува цената на струјата. За тоа доказ е и договорот со „СВ Инвест вреден милион евра.

Компанијата „СВ Инвест“ се поврзува со името на Вице Заев, брат на Зоран Заев, тој добива милионски јавни набавки во четири очи од државната електрана РЕК Битола, без притоа да поседува механизација со која ќе ги извршува работите.

Македонските граѓани додека го тераат денот со 50 денари дневно, фамилијата Заев се полни со милиони евра.

Граѓаните до Македонија се повеќе тонат во сиромаштија, а мафијата предводена од Заев се повеќе богати.