August 20, 2022 02:25
Спорт

Македонија со подмладен тим од домашната сцена замина на Медитеранските игри во Алжир

Машката ракометна репрезентација на Македонија доцна синоќа одлета за Оран, Алжир каде  ќе настапи на Медитеранските игри, Македонија е во група со селекциите на Грција, Алжир, Шпанија и Турција.

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров за оваа акција се одлучи да состави подмладен тим со играчи кои настапуваат во домашниот шампионат.

Меѓу патниците за Алжир се најдоа: (голмани) Марко Кизиќ, Васил Гогов (лево крило) Петар Атанасијевиќ (леви бекови) Павле Атанасијевиќ, Михајло Младеновиќ (средни бекови) Игор Ѓоргиев, Иван Џонов, Марко Митев (десни бекови) Томислав Јагуриноски, Михаил Иваноски, Мартин Серафимов (десни крила) Ненад Костески, Александар Петковски (кружни напаѓачи) Костадин Петров, Кристијан Симоноски, Марко Стојковиќ.