December 5, 2022 08:00
Спорт

Македонија со играч помалку загуби од Бугарија и заврши на третото место во Лигата на нации (Фото)

Фото: Слободан Ѓуриќ

Македонската фудбалска репрезентација денес запиша пораз од Бугарија во последното коло од Лигата на Нации (0:1).

Натпреварот започна без многу шанси на двете страни, но со некои жестоки дуели на теренот. По еден таков дуел во жарот на борбата Тодор Тодороски заработи директен црвен картон, па после само 14 минути останавме со играч помалку. „Жртвата“ на тој црвен картон беше Александар Трајковски кој беше заменет со Стефан Ашковски.

И покрај тоа што имавме играч помалку Бугарија не го користеше тоа на теренот и не создаваше премногу шанси. Ние најголемата закана во првото полувреме ја испративме со удар од далечина на Милан Ристовски.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи после само пет минути игра во второто полувреме. По една контра на бугарската репрезентација топката дојде до нивниот капитен Кирил Десподов кој излезе „еден на еден“ со Столе Димитриевски. Десподов не ја пропушти таа прилика и реализира

И по тој гол на Бугарија ние создававме прилики, некаде во тие 15-тина минути од голот на Бугарија до 65-тата минута создадовме неколку одлични прилики за гол, но за жал и во овој натпревар изостана реализацијата.

Групната фаза Македонија по овој пораз ја завршува на третата позиција со седум бода, Бугарија има девет на една позиција пред нас, Грузија како првопласирана обезбеди место во баражот, а убедливо последен е Гибралтар со еден освоен бод.

Поврзани вести

Мицкоски го копира Груевски – Денот на идеи во владата, стана Предложи идеја во општините

blink

„Златното славејче“ ги олабави блокадите на приватните превозници?! Арсовска ја нема

Igor

(Фото) Приватниците бараат средба со Арсовска, блокадата на Илинденска продолжува

Igor