January 19, 2021 15:50
Македонија

Македонија се срами од Заев, после неговите навреди останува само едно, оставка

Премиерот во заминување, Зоран Заев, е човекот од кој Македонија се срами. Неговата политика на свиткана кичма и пазарење со националните интереси е поразена. Осамен е и исплашен, бидејќи му е јасно дека и неговите сопартијци и сите граѓани ја прочитаа неговата погубна политика и се погласно се спротивставуваат.

Никој во Македонија нема да му дозволи на Заев, за своите лични интереси и задржување на фотељата да тргува со идентитетот, македонскиот јазик и народ, со историјата. Тој го погази достоинството на Македонците и тоа не само на овие што се денес живи, туку и на илјадниците кои ги положиле животите за Македонија. Со кое право ја негира антифашистичката борба, со кое право ја негира македонската борба во илинденскиот период?

Затоа одговорот на народот е жесток и затоа стравот на премиерот во заминување, Зоран Заев, е голем. Народот од него бара прво извинување за навредите кон Македонија, кон народот и историјата, а потоа и оставка.

Оставка на Заев, слобода за народот.

Заев или Македонија.