September 23, 2019 18:18
Спорт

Македонија не му се плаши на Израел

Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20.45 ч.) во Бер Шева му гостува на Изреал во квалификациски натпревар од групата Г за пласман на Европското првенство 2020 година. Овој натпревар за избраниците на македонскиот селектор Игор Ангеловски – Мрме ќе биде патоказ каде „црвено-жолите ќе финишираат во вториот дел од натпреварите во групата. Македонија по четири одиграни кола е претпоследна со четири бода, а Израел е втор со седум бода. Со триумф во Бер Шева, Македонија ќе се израмни со бодовите со Израел и во продолжението од квалификациите ќе се вклучи во игра за втората позиција во групата, која покрај првата на која сигурно опстојува Полска со максимален скор од четити победи, носи пласман на завршниот турнир од ЕП-2020.

Покрај дуелот со Израел, за четири дена во Рига (9 септември), Македонија го игра и вториот септемвриски кавлификациски дуел со аутсајдерот Летонија од кој може да се надева дека може многу полесно да стигне до бодовите. Македонските  репрезентативци би биле задоволни со четири бода од овие два меча, но има и поединци кои јавно порачуваат дека се дојдени во Израел по три бода. Македонија речиси со истиот овој состав пред две години во Хаифа го совлада Израел минимално со погодокот на капитенот Горан Пандев. „Црвено-жолтите“ не му се плашат на Израел. Веруваат дека можат да ја репризираат партијата од пред две години, иако претходно македонскиот државен тим имаше четири неуспешни квалификациски гостувања кои ги загуби со по еден гол-разлика.

– Секогаш кога ќе дојдам да настапувам со репрезентацијата, подготвен сум да дадам максимум. Така се однесуваат сите играчи. Лесно е да се каже со зборови дека очекувам шест бодови, но тоа е можно да го потврдиме и на теренот, но треба да го дадеме максимумот. Сега треба да го добиеме Израел, а потоа со поголема самодоверба да продолжиме за Летонија и да победиме, изјави Езџијан Алиоски.

По четири кола во Г-групата лидер е Полска со 12 бода, Изреал има 7, а по нив следуваат Австрија 6, Словенија 5, Македонија 4, Летонија 0.

Нови вести

Влезниците за фудбалскиот меч со Словенија во продажба по цена од 50 до 200 денари

Igor

Дибиров: Не смееме да го потцениме Нексе

zane

Берлускони: Милан ме разочара

Valentina