February 29, 2020 02:19
Спорт

Македонија и Финска во Љубљана ќе бијат битка и на трибините

 

Македонската одбојкарска репрезентација утре ќе дебитира на Европското првенство со меч против Финска. Двете селекции се дебитанти на завршницата од континенталниот собир и на дуелот во „Стожице“ ќе играат да испишат победничка историја. Во Љубљана, македонската селекција според Одбојкарската федерација ќе има поддршка од неколку стотина навивачи, а многу побројни се најавува дека ќе бидат симпатизерите на Финска. Тие најавуваат дека од трибините ќе ги бодрат неколку илјади нивни приврзаници. Битката на паркетот ќе биде дополнително засилена и со поддршката од трибините.

Двете репрезентации се подготвуваат на тактички и психолошки план како да се претстават во витинско издание во Групата Ц.  Покрај Макеоднија и Финска во групата која ќе се игра во Словенија ќе настапат и селекцијата на домаќинот, европскиот првак Русија,Турција и Белорусија.

Избраниците на македонскиот селектор Никола Матијашевиќ  подготовките ги завршија со контролоен двомеч против Австрија во Виена каде еден натпревар добија (3:0) и еден загубија (3:1). Самодовербата меѓу македонските избраници е на посакуваното ниво и во пресрет на премиерниот  настап од кои во многу ќе зависи каква ќе биде европската приказна сите од експедицијата се фокусирани на најголемиот предизвик.