October 21, 2021 15:35
Македонија

Македонија има обврска да ги почитува законите на ЕУ и подзаконскиот акт треба итно да се измени

За разлика од многу европски земји, Северна Македонија сè уште заостанува во имплементацијата на 5G мрежата.Задоцнетата европска интеграција ги отежнува сите процеси во рамките на телекомуникациите, вклучувајќи го и воведувањето на долгоочекуваната 5G технологија. Многу експерти во земјата сметаат дека усвојувањето на спорниот подзаконски акт од Законот за електронски комуникации дополнително ќе го забави напредокот на 5G во државата.

Истото мислење го дели и професорот по право, Борче Давитковски: „Во Законот за електронски комуникации и подзаконските акти, постојат недоречености особено во процедурален аспект, односно овој не постојат доволно информации за роковите во кои операторите се обврзани да ги достават бараните информации. Понатака, во подзаконските акти не постои ниту информација како и на ко начин операторите ќе ги прибават бараните информации и од какви извори истите ќе треба да ги прибават. Тука се поставува и прашањето за верификација на изворот на податоците и прашањето дали операторите ќе треба овие податоци да ги достават кумулативно или е доволно еден од податоците да се достави да се смета дека нивната обврска е извршена“, изјавиДавитковски.

Северна Македонија предложи две нови мерки според подзаконскиот акт на Законот за електронски комуникации, кои настојуваат да се ограничи или исклучи употребата на опрема од провајдери на телекомуникациски мрежи кои се класифицирани како „високоризични“. Како и другите предлози за безбедноста на 5G мрежата и сајбер безбедноста во другите земји-членки на ЕУ и надвор од ЕУ, главното оправдување на Македонија е националната безбедност и потребата од заштита на критичната инфраструктура од влијанието на владите од трети земји. Новите предлози доаѓаат краток период откако АЕК ги покани телекомуникациските оператори да го искажат својот интерес за учество на планираната аукција за распределба на фреквенции за 5G мрежите во јуни 2021 година.

Професорот Давитковски смета дека овие критериуми се спротивни на другите локални закони и уставниот закон. „Овие фактори/критериуми се спротивни на европското законодавство, како и на останатите закони коишто се применуваат во Македонија бидејќи се премногу општи и оставаат премногу простор за дискреционо одлучување (решавање) на оној којшто треба да ја цени имплементацијата на критериуми/фактори“, нагласи Давитковски.

Во согласност со основните принципи на правото на ЕУ, Европската комисија и земјите-членки на ЕУ го одобрија пристапот кој во целост е заснован на ризик, а земјите-членки треба да делуваат „со целосна почит кон отвореноста на внатрешниот пазар на ЕУ“. Нацрт-предлозите на Македонија во денешен облик отстапуваат од општите принципи на правото на ЕУ, како и заедничкиот пристап договорен на ниво на ЕУ. Само објективно, транспарентно, правично, а посебно пропорционално регулирање на 5G мрежите може да ја заштити националната безбедност од јасно идентификуваните ризици во согласност со правото на ЕУ.

Поради неусогласеноста на Законот за електронски комуникации со европските регулативи произлегува и незаконитоста на нацрт-предлозите на подзаконските акти (Методологија за проценка на профилот на ризик на добавувачи и производители на мрежна опрема и Листа на критички компоненти и чувствителни делови на електронските комуникациски мрежи).Значи, целокупната правна регулатива што ја има или има намера да ја усвои Македонија не е во согласност со европските директиви и стандарди и истата би требало во најкус можен рок да биде усогласена.

Професорот смета дека ризикот не е правилно дефиниран или се споменува само со генерички термини, како што е во сегашното законодавство и подзаконскиот акт не може да биде соодветен за заштита од таков ризик.

„Во нашиот правен систем со подзаконски акти се врши само операционализација (дообјаснување) на веќе постоечки законски текст.Во Законот за електронски комуникации се употребуваат премногу генерички термини. Затоа, во подзаконските акти кои се донесени врз негова основа генеричките термини се дефинираат и обликуваат, а со тоа самите подзаконски акти се јавуваат како оригинеренизвор на правото. Тоа, пак, е спротивно на правилата во нашиот уставен и правен систем. Напротив, поимите мора да се определат во закон, а нивното значење може само да се доработи во подзаконски акт.Кажано со други зборови, утврдувањето на генерички термини и нивното воведување во правниот систем може да се врши само со законска одредба, а не со подзаконски акт. Во овој случај, Законот за електронско комуникации предизвикува противзаконски дејствија (заради непрецизна дефинираност) во подзаконските акти“, потенцира професорот Давитковски.

 

 

 

 

WCOStream: Cheer Boys!! (Dub) anime episode 12 online free at https://wcostream.cc wcostream close enough

AnimeFreak: Happy Seven: The TV Manga anime episode 13 online free at https://animefreak.ws animefreak dororo

KissAnime: K: Return of Kings anime episode 13 online free at https://kissanime.mx boku no hero academia kissanime

One Piece The Movie: Episode of Alabasta - The Desert Princess and the Pirates Episode Full

Cakeresume: https://www.cakeresume.com/me/gogoanimebe

Spreaker: https://www.spreaker.com/user/15045076