March 7, 2021 09:52
Македонија

Македонија е закована на дното по сите економски параметри, а власта се фали дека земјата е на добар пат

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Даниела Маркоска 

Ваквите спектакуларни економски достигнувања се само фикции на оваа криминална власт предводена од ноторниот лажго Зоран Заев. До вчера СДСМ преку своите мегафони јавно се фалеа дека имало реализација од 1 милијарда евра од 4-те наводни економски пакети за справување со пандемијата и помош на економијата, за на крај преку ноќ оваа бројка да порасне за 200 милиони евра повеќе. Или 1.2 милијарди евра. Стопанството и граѓаните од овие наводни 1.2 милијарди евра не видоа ниту 340 милиони евра помош преку наводните пакети за помош.

Ги повикуваме господата од СДСМ и криминалецот Зоран Заев да одговорат и да и дадат отчет на јавноста како стасаа до оваа бројка од 1.2 милијарди евра. Лаги, лаги и само лаги.

Малите бизниси, туристичките работници, кафеанџиите, хотелиерите, занаетчии и уште многу други сектори од стопанството секојдневно се жалат и ја повикуваат власта да им излезе во пресрет и да им помогне за да не ги затворат своите бизниси. Од власта немаат никакво разбирање, ама за тоа фалбаџиски се расфрлаат со милијарди евра. Наводните мерки на владата се само слово на хартија, без реализација, а дури и голем број на мерки и се поклопуваат во пакетите. За овој неуспех констатираа и од светските релевантни институции кои се занимаваат со економијата. Светската банка лани проектираше дека Република Македонија ќе има раст од 3.9% БДП во 2021 година, па за неколку месеци подоцна по неуспешното справување со економијата, овој раст го ревидираше и намали на 3.6% БДП. Најмал раст од земјите од регионот, закована на дното. А власта се фали со раст за 2021 година од над 4.4%.

Македонија е единствената земја во Европа која што власта се фали дека сме на добар пат, а на сите рангирања сме последни. Над 52 илјади изгубени работни места, намалени пензии за пензионери, намалени капитални инвестиции, одлив на директни странски инвестиции, фирми се затвораат, народот гладува, а СДСМ и Зоран Заев се фалат со 1.2 милијарди евра кои никој не ги видел, ниту добил.бСо криминалецот Зоран Заев економијата го проби и дното. За многу брзо време ќе има одговорност за секој отпуштен работник, секоја затворена фирма и за секоја проневера на парите на граѓаните.

Akudama Drive Episode 12 at website https://animeplanet.cc tower of god anime planet

Sword Art Online Alicization War of Underworld (Dub) Episode 12 at KissAnime kissanime plus