Search

“Македонија-Блокира“: Марионетската власт е уплашена штом ги спречува нашите блокади со полициска интервенција

Македонија-Блокира“ најостро ја осудува вчерашната полициска интервенција со која беше спречена блокадата на патот Охрид-Струга кај село Мислешево, иако протестот беше уредно најавен во МВР во законски определениот рок.

„Ова се веќе знаци на една уплашена власт на Зоран Заев штом започна да ги спречува протестите на „Македонија-Блокира“ со што, патем, се крши и уставно загарантираното право на протест.

Го повикуваме Зоран Заев и министерот во МВР Оливер Спасовски да се вразумат и да не провоцираат оти работите лесно може да излезат од контрола, дотолку повеќе, блокадите од „Македонија – Блокира“ продолжуваат до финалната одлука или марионетската власт ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи“ се наведува во соопштението.

Треба да знаете
Последни објави