December 9, 2022 13:43
Хроника

Македонец шверцувал хероин во Хрватска, парите му ги испраќале преку автобус

Хрватската полиција разоткри шестчлена банда чии членови, меѓу кои Македонец и Србин, се обвинети дека од септември минатата година шверцувале хероин во Хрватска, а потоа го продавале на наркопазарот во окрузите Истра, Загреб и Сплитско-Далмација.

Осомничените набавиле хероин на територијата на една од земјите од Југоисточна Европа и го прошверцувале на територијата на три хрватски општини каде, според полициските сомненија, на продажба ставиле најмалку 4,2 килограми хероин. При нивното апсење с одземени 3,9 килограми хероин, објави Хина.

Полицијата осомничи 43-годишен државјанин на Северна Македонија, 59-годишен државјанин на Србија и четворица хрватски државјани на возраст од 66, 49, 47 и 42 години за неовластено производство и тргување со дрога како дел од злосторничко здружување.

Се уште трагаат по 42-годишниот хрватски државјанин.

Се додава дека заработиле најмалку 80.000 евра од продажба на 4,2 килограми хероин, кои ги поделиле меѓу себе, додава полицијата. Парите од продажбата на дрогата Македонецот ги добивал преку возач на автобус, кој сообраѓал на релација Хрватска-Македонија.