February 2, 2023 22:08
Хроника

Македонец почина од срцев удар на граничниот премин со Србија

На граничниот премин Прешево денеска починал 60-годишен македонски државјанин, потврдија за „Новости.рс“ од српското Обвинителство.

Се наведува дека Македонецот одел до контролната кабина на преминот кога ненадејно паднал.

Судскиот лекар потврдил дека мажот починал од срцев удар.