August 13, 2020 22:01
Хроника

Маж пронајден починат со повреда на главата во Кисела Вода

Скопјанец на возраст од 84 години, синоќа бил пронајден починат на улицата Ѓорѓи Сугаре.

Полициските службеници констатирале дека мажот имал повреда на главата.

Телото го пронашло синот на починатиот и по наредба на јавен обвинител е предадено за обдукција.