January 26, 2021 23:17
Балкан

Маж во разурнатата од земјотреси Петриња се разнел со бомба

Маж  на 56 годишна возраст се разнел со бомба во хрватскиот град Петриња, кој на 29 декември беше погоден од земјотрес со 6.2 степени според Рихтер. Немилиот настан во разурнатиот град се случил утрово со активирање на експлозивна направа, потврди сисачко-мославинската полиција. На местото на настанот излегла екипа на полицијата која ќе ги утврди сите околности од настанот, кажал за Хина, портпаролот на тамошната полиција, Дарио Качмарчик.

-Овие подрачја се трауматизирани, ова е единствената судбина која дава порака. Психолошката помош доаѓа, а прашање е колку ќе биде тоа доволно. Жал ми е, мое сочувство за фамилијата, изјави Даринко Думбовиќ, градоначалникот на Петриња.

Поголем дел од градот е во урнатини по разорниот земјотрес кој ја погоди Хрватска при што загинаа осум луѓе. Има пријавени штети во повеќе од 37 илјади објекти, од кои досега 2.200 се прогласени за непоправливи. Повеќе слаби земјотреси  и денеска се регистрирани во Хрватска.

Watch Dr. Stone: Stone Wars Episode 1 at ANIMEFLIX animeflix banana fish

Violet Evergarden Movie (https://kissanimeonline.com/m/lXDm) Episode Preview at website https://kissanimeonline.com tower of god kissanime