March 22, 2019 04:05
Свет

Мадуро: Опозицијата не може да ја води Венецуела бидејќи нема лидер

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека опозициските сили не може да ја раководат државата бидејќи немаат ниту програма ниту лидер.

Мадуро рече дека повикот на претседателот на венецуелскиот Парламент, Хуан Гуајдо за органзиирање масовни протести е „обид за дестабилизирање на државата”.

Претходно, Гуајдо рече дека Уставот на Венецуела му дозволува да ја врши функцијата претседател и ги повика граѓаните да излезат на масовни протести на 23 јануари.

САД ги поддржуваат напорите на Парламентот во Венецуела и неговиот претседател насочени против претседателот на државата Николас Мадуро.

Нови вести

Најголема заплена на дрога во Филаделфија во последните две децении

Filip

Околу 50.000 Италијанци протестираа против мафијата

Filip

Трамп: Време е да се признае израелскиот суверенитет над Голан

Filip