April 19, 2019 17:02
Забава

Мадона за 1,5 милиони долари ќе изведе две песни на Евровизија 2019-та

Мадона ќе потпише договор вреден 1,5 милиони долари за изведување на 2 песни на натпреварот за песна на Евровизија 2019-та, што ќе се одржи во Тел Авив, Израел, пренесуваат светските медиуми.

Според медиумите појавувањето на Мадона на Евровизија ќе го финансира милијардерот Силван Адамс. Како што пренесуваат медиумите, договорот најверојатно ќе биде потпишан од страна на Силван Адамс и менаџментот на Мадона во следните неколку дена.

Тел Авив оваа година ќе биде домаќин на натпреварот за песна на Евровизија 2019-та. Евровизија 2019 ќе биде 64 издание на фестивалот Евровизија. Домаќин ќе биде Израел која победи на Евровизија 2018-та во Португалија со претставничката Netta – Toy.

Нови вести

Повлечени „Бејби лав“ кашички поради претпазливост

Filip

(ВИДЕО) На девојката која вози велосипед и стана жешко, па реши да се соблече

Filip

Куче херој се врати дома со порака на вратот што ги изненади сопствениците

Filip