January 27, 2020 16:12
Македонија

Магливо со умерена облачност

Времето во земјава во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. По котлините претпладне ќе се задржи облачно и магливо.

Утринската температура ќе се движи од  минус два до еден степен, а дневната температура ќе се движи од шест до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево време со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до нула, а дневната температура до шест степени.

Во следните денови ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност, особено во претпладневните и вечерните часови. До петок на планинините и на повисоките места ќе провладува сончево и релативно топло време. Слаб до умерен северен ветер ќе има во четврток, а поветровито се очекува да биде од недела.

Нови вести

НАкС и СОНК најавија здружување за да докажат репрезентативност, утре средба во МОН  

Igor

Николовска: Мајката на сопственикот на „Никоб“ добила лиценца за одгледување канабис

Igor

Савова: Стефанова треба да е среќна што седи на клупата на сведоци, а не на обвинети

Igor