August 1, 2021 23:42
Спорт

Магдинчев нов тренер на ГРК Тиквеш

Ракометниот клуб Тиквеш од Кавадарци во новата сезона ќе биде воден од искусен стратег на клупата. Ристо Магдинчев ќе го замени Горан Андоновски на клупата и ќе ги води кавадарчани во новата сезона.

„Борбата за опстанок во натпреварувачката сезона 2020/21 година беше со интензивен карактер, во кој ГРК Тиквеш 2014 го покажа својот квалитет како успешен проект и тим кој знае да победува и да биде дел од елитното ракометно друштво. Новата сезона со себе носи нови предизвици, но клубот со полна пареа работи и се среми кон новите предизвици и победи особено на домашен терен пред полна сала „Јасмин“ со целиот нејзин сјај и капацитет“, се вели во клупското соопштение.

Магдинчев има само пофални зборови за својот нов клуб.

„Уште претходната година имав позитивно мислење за целокупниот проект на ГРК Тиквеш 2014. Екипата има квалитетни поединци кои ги задржа и оваа година. Сметам дека станува збор за стабилен клуб во секој поглед. Од екипата очекувам максимална ангажираност, професионалност, дисциплина и фанатична борбеност”, рече Ристо Магдинчев.

На 29 јули искусниот тренер Ристо Магдинчев ќе го одржи првиот тренинг и состанок, на кои ќе се појават играчите од претходната натпреварувачка сезона, но и пет нови ракометни имиња.

Магдинчев минатата сезона се врати на ракометните терени откако го превзема новиот суперлигаш Јуниор Кисела Вода. Иако клубот по неговото доаѓање имаше забележителна улога во плеј-аутот сепак тимот испадна во понизок ранг.

AnimeKisa: Sailor Moon R: The Movie - The Promise of the Rose (Dub) anime episode Full online free at https://animekisa.in anime stream

AnimeHeaven: Uchuu Majin Daikengou anime episode 26 online free at https://animeheaven.pro anime online

4Anime: Qualidea Code anime episode 12 online free at https://4anime.biz persona 4 the animation english

Myminifactory: https://www.myminifactory.com/users/gogoanimelol

Pxhere: https://pxhere.com/en/photographer/3636672

Hulkshare: https://www.hulkshare.com/animefreakws