April 2, 2020 20:25
Спорт

Магдевски: Ништо не е завршено, ќе се бориме до крај

Македонската кошаркарска репрезентација со два пораза го комплетираше првиот квалфикациски прозорец за пласман на Еропското првенство во 2021 година. Иако во многу подобро издание во однос на разочарувањето против Естонија, денеска нашите најдобри кошаркари сепак загубија на гостувањето кај Русија.

Со оглед на тоа дека Ненад Димитријевиќ остана во Скопје, и не беше во комбинација за вечерашниот меч во Перм, јасно беше дека селекторот Александар Тодоров  ќе му додели многу поголем број на минути на Андреј Магдевски. И тоа како стартен плејмејкер на дуелот со „зборнаја“.

А бекот на МЗТ Скопје Аеродром одговори сосема добро. Остана на теренот во„Молот“ Арената повеќе од 30.минути. И притоа дојде до повеќе од солиден ефект, изразен преку реализација на 14.поени (6/8 од поле), имаше и шест скока и четири успешни додавања пред да ја направи петтата лична грешка.

-Со ваква игра како денес и како во второто полувреме во натпреварот со Естонија можеме да се надеваме на пласман на ЕП. Денеска покажавме цврста игра и карактер. Но, за жал одлучија детали за овој пораз. Треба да се верува во овој тим. Не е ништо завршено ќе се бориме до крај“– порача Магдевски.

Нашата селекција е последнопласирана во групата Б со 2 бода и со нив ќе влезе во продолжението од квалификациите во ноември кога ја очекува меч со Италија во гости како и возвратниот натпревар со Естонците на нивни терен. По две одиграни кола, Италија која како домаќин секако има пласман на ЕП, има максимлани четири бода, Естонија и Русија имаат по три.

Фото: КФМ