January 27, 2020 11:19
Свет

Мавританија доби од EУ 250 камили за борбата со џихадистите

Европската унија донираше 250 камили на Мавританија, како дел од напорите оваа западноафриканска држава да се справи со заканите од џихадистите и да се зајакне безбедноста во граничната област Сахел.

Началникот на армијата на Мавританија, генерал-полковник Масагаро Олд Сиди, рече дека новите животни ќе ги зајакнат неговите единици на камили, кои ги чуваат границите на земјата.

Сепак, пристигнувањето на животните во градот ги забавуваше локалните жители, кои на подарокот од ЕУ гледаат со изненадување, бидејќи нивната земја е позната по големата популација на камили.

Постот на новинската агенција Ал-Акбар на „Фејсбук“ собра стотици коментари.

„Дојдоа како подарок од Европа, но тие секогаш беа тука?“, зачуден е еден корисник на мрежата.

„ЕУ има камили?“, праша друг.

„Зошто не ни даваат оружје или воена опрема што вреди нешто?“, запраша трет корисник.

Нови вести

Вознемирувачки снимки на заболени од коронавирус го обиколија светот

zane

Регионални избори во Италија: демократите победија во Емилија Ромања, Лига во Калабрија

zane

Експерт од Хонг Конг тврди дека од новиот коронавирус се заболени 25.000 луѓе

zane