December 6, 2022 22:33
Спорт

ЛШ: Челси убедлив против Милан, нови два гола за Халанд (ВИДЕО)

Челси ја оствари првата победа (3-0) во ЛШ оваа сезона откако го совлада Милан на „Стемфорд бриџ“. Тоа е прв триумф за Грем Потер во елитното натпреварување, а Челси се искачи на втората позиција на табелата, со идентичен број бодови со Милан.

Весли Фофана го отвори резултатот во 24.минута, а во вториот дел стрелаа и Обамејанг и Рис Џејмс.

Манчестер Сити славеше со 5-0 против Копенхаген, а Ерлинг Халанд продолжи да ги тероризира голманите. Ги постигна првите два гола за „граѓаните“, а Пеп Гвардиола го повлече на полувремето. Данците си постигнаа и автогол, а во вториот дел погодија и Махрез од пенал и Алварез.

Јувентус конечно победи во ЛШ. „Старата дама“ го совлада Макаби Тел Авив со 3-1 и ги зголеми шансите за минување на групата. Рабио беше двоен стрелец, а погоди и Душан Влаховиќ.

Борусија Дортмунд беше убедлива (1-4) на гости кај Севилја. Гереиро, Белингем, Адејеми и Брант беа стрелци на головите за „милионерите“.

Бенфика и ПСЖ одиграа 1-1. Меси донесе водство за ПСЖ, а Данило си постигна автогол.

Реал Мадрид триумфираше со 2-1 против Шахтјор Доњецк и стигна до девет бода. Родриго и Винисиус Жуниор погодија за „кралевите“, а Зубков беше стрелец за украинскиот тим.