August 10, 2022 21:43
Свет

Луксембург ќе им дозволи на своите граѓани да одгледуваат канабис за лична употреба

Владата на Луксембург денеска соопшти дека ќе им дозволи на своите граѓани да одгледуваат канабис за лична употреба.
Како што пренесуваат локалните медиуми, ваквата одлука е резултат на коалицискиот договор меѓу либералите, социјалдемократите и зелените од 2018 година, што го „туркаа” младите од трите партии.
Со дозволување на трговијата и поседувањето семе од канабис, Луксембург планира да им дозволи на возрасните легално да одгледуваат до четири растенија канабис по домаќинство за лична употреба.
Луксембург има 620.000 жители.
Возрасните жители ќе можат да купуваат семиња во продавниците во Луксембург, да ги увезуваат од странство или да ги купуваат преку Интернет за да овозможат производство на семиња за комерцијални цели дома.
Сепак, забраната за конзумирање и носење канабис на јавно место, како и забраната за трговија со производи од канабис, освен семиња, ќе останат во сила.