December 12, 2019 02:14
Спорт

Лука Јовиќ веќе на излезна врата на Реал Мадрид ?

Напаѓачот на српската репрезентација, Лука Јовиќ, не го убедил тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан дека е подготвен да игра за клубот, јавуваат шпанските медиуми.

Наводно, младиот напаѓач не ги исполнувал очекувањата на подготвителните натпревари, па може да биде даден на позајмица.

Порталот „Дон Балон” пишува дека Јовиќ не гледа негативно на можноста да ја помине следната сезона во клуб каде би имал сигурна минутажа.

– Впечатокот што тој го остави досега е негативен. Тој беше незабележлив на првите пријателски дуели и немаше среќа пред голот. Тој едвај учествуваше во мечевите и беше многу незабележлив, се наведува во изданието.

Се додава дека на неговиот трансфер инсистирал претседателот Флорентино Перез, додека тренерот Зидан изјавил дека за Јовиќ се дадени голема сума пари (60 милиони евра) и дека за негов напредок ќе било подобро да остане во Ајнтрахт.

Наводно, Реал веќе размислува да го врати Јовиќ на позајмица во Франкфурт, а потоа да се врати во Мадрид.

Нови вести

(Видео) Хамилтон ја испроба Јамахата на Роси, Докторот го возеше Мерцедесот

Igor

Адеми со забелешки за судењето во поразот од Сити

Igor

Веспрем му се реваншира на Еурофарм за поразот во Битола

Igor