June 24, 2022 16:49
Свет

Лукашенко: Русија не може сама да се бори против проширувањето на НАТО

Поради веројатниот влез на Шведска и Финска во НАТО, претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко повика на зајакнување на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (CSTO).

Тоа е воена алијанса предводена од Русија, која е создадена како противтежа на НАТО.

„CSTO мора да го консолидира својот статус во меѓународниот систем на контрола и поделба на власта“, рече Лукашенко на состанокот во Москва во понеделникот, пренесе белоруската новинска агенција Белта.

„Русија не може сама да се бори против проширувањето на НАТО“, додаде тој.

Лукашенко, кој често го нарекуваат „последниот диктатор на Европа“, ја правда руската инвазија на Украина со собирање на силите НАТО во Источна Европа.

Заедно со Русија и Белорусија, CSTO ги вклучува и поранешните советски републики Ерменија, Казахстан, Киргистан и Таџикистан, но ниту една членка не испратила војска да и’ помогне на Русија.

Западот го санкционираше Минск заедно со Москва. Белоруската влада во неделата објави дека државата изгубила меѓу 16 и 18 милијарди долари поради воведените санкции.