June 14, 2021 07:15
Свет

Лукашенко потпиша указ за трансфер на претседателските овластувања во случај на негова смрт

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко потпиша указ со кој се дозволува пренесување на претседателските овластувања на Советот за национална безбедност, во случај да биде убиен или од кои било други причини онеспособен да ја извршува  претседателската должност.

„Документот предвидува дека во случај на смрт на шефот на државата при атентат, терористички акт, надворешна агресија или други насилни акти, сите државни органи и нивните службеници ќе постапуваат во согласност со одлуките на Советот за безбедност, со кои претседава премиерот”, се наведува во указот.

Минатиот месец, Лукашенко најави дека планира промени на постојните механизми на управување во Белорусија, кои предвидуваа премиерот да го преземе претседателството во случај претседателот да не е во можност да ги извршува своите должности.

KissAnime weathering with you kissanime: Watch I Shaved. Then I Brought a High School Girl Home. Episode 5

4Anime 4anime my hero academia: Watch Tokyo Ghoul Episode 12 (https://4anime.biz/m/Yrm/ep-12)