September 26, 2022 00:16
Свет

Лукашенко: Нема да има мобилизација во Белорусија

Нема да има мобилизација во Белорусија, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Тој рече дека одредени опозициски партии се обидуваат да ја развијат тезата дека е можна мобилизација и во Белорусија, како и во Русија.

„Нема да има мобилизација. Тоа е лага“ – рекол Лукашенко, пренесува „Белта“.

Во исто време, Лукашенко нагласи дека Белорусија сигурно ќе одговори на можните закани и обиди за терористички акти.

На 21 септември Русија најави делумна мобилизација поради војната во Украина.