December 10, 2022 05:49
Свет

Лукашенко: Во Белорусија нема да има мобилизација

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека во неговата земја нема да има мобилизација.

Тој рече дека одредени опозициски партии се обидуваат да ја развијат тезата дека е можна мобилизација и во Белорусија, како и во Русија.

– Нема да има мобилизација. Тоа е лага, рече Лукашенко и нагласи дека Белорусија сигурно ќе одговори на можните закани и обиди за терористички акти.