June 27, 2022 13:54
Свет

Лукашенко: Белорусија купи од Русија ракетни системи С-400 и ракети „Искандер”

Белорусија купи од Русија противвоздушни системи С-400 и ракети „Искандер”, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Изјавата на белорускиот претседател доаѓа на 85-от ден од почетокот на руската воена операција во Украина, што почна на 24 февруари. Белорусија, главниот сојузник на Русија и земја што се граничи со Украина, стана база за руската офанзива.

„Се договоривме со рускиот претседател Владимир Путин”, изјави Лукашенко, а пренесе неговата прес-служба на каналот Телеграм.

Тој додаде дека е набавено „потребното количество” од ова оружје, без да даде други детали.

„Со ова оружје, тоа е веќе сосема поинаква армија”, кажа  Лукашенко, додавајќи дека тоа оружје може „да предизвика огромна штета”.

go88 đổi tên miền go88 chơi trên web go88 là gì

sunwin apkpure sunwin miễn phí tải game sunwin sunwin apk 2020