January 27, 2021 17:28
Македонија

Лукаревска: По пандемијата прво ќе пијам кафе со другарките, а не е на одмет и едно кратко патување

За Сања Лукаревска, првиот човек на Управата за јавни приходи 2020 година била интересна година од даночен аспект. За 24 инфо вели дека изминатата година се реализирале неколку сета на економски мерки, но го полнеле и Буџетот. Со неа разговаравме и за неостварените желби во 2020 година, за ковид 19 кој за жал го почувствува на своја кожа, но и за приватните и професионалните планови за оваа 2021 година.  

На почеток сме на Новата година. Како прв човек на Управата за јавни приходи, по што ќе ја паметите изминатава година?

Интересна беше изминатата 2020 година од даночен аспект. Неколку сета на економски мерки реализиравме, полневме и Буџет, паралелно тековните процеси ги спроведувавме и се подготвувавме за оваа 2021 година. На средината сме, меѓу одржување на ликвидност на компаниите од една страна, а од друга страна менаџирањето на долговите и обврските кои ги имаат истите. Сепак, мислам дека успеавме.

Во 2021 година имаме за цел да ставиме во оптек неколку системи и платформи за поефикасни услуги на УЈП.Автоматскиот модул за поврат и пребивање е исто така приоритет. И секако,како што кажувам во секое интервју,успешна наплата на даноците и придонесите.

Ви останаа ли многу неостварени желби од 2020 кои планирате да си ги остварите во Новата година?

Секако.Ова несекојдневно живеење, како да не остави на половина пат во дел на реализација на многу желби и планови.Желби за убав одмор, за лични остварувања на приватен план, за дружби,за одбележување на убави поводи,баш како што доликува и слично. Приватните и професионалните планови верувам дека ќе го видат светло оваа 2021 година. Желбите секако зависат и од личната заложба и позитивна мисла.Имам и многу неостварени професионални планови и јас и мојот тим во УЈП,но тие се долгорочни и треба многу труд ,енергија и секако подршка .

Во време на пандемија со ковид 19 никој не е заштитен од болеста. Ја имавте таа несреќа вирусот да го почувствувате на сопствена кожа...

За жал. Некаде на почетокот на јуни бев во изолација околу 17 дена. Кога си позитивен од корона, мора психолошки да си стабилен,да мислиш позитивно. Иако е лесно да се каже ,сепак слушавме лоши статистики и тоа делува кај секој од нас.

Кога дознавте дека сте заболена и како течеше лекувањето?

Навистина непријатна е веста кога ти кажуваат дека си позитивен на корона вирус.Сепак и тоа помина,за среќа бев асимптоматски случај.Терапијата беше едноставна,витамин Ц и Д,куркума ,цинк,многу овошје и зеленчук,топли супи со бибер и секако мерење температура секој половина час. Во дел од лекувањето ми помогна и мојот другар ,доктор Трајче Нешковски,пред се со добри совети,влевање надеж дека ова ќе помине за час и секако со голема здравствена подршка. Короната за мене беше едно големо искуство. Многу пати читам,кога велат дека овој ” невидлив ” непријател направи најблиските да ни станат најдалечни,само за да се заштитиме.Единствено што најмногу ме погоди наслов на еден портал,кога бев заразена со корона кој гласеше ,,Господ гледа,Лукаревска позитивна на Ковид 19 “. Се запрашав,зар до толку може да има злоба меѓу луѓето. А има,несомнено.

Дали ќе се вакцинирате против ковид 19?

Апсолутно ,да.И ќе предочам и на сите мои роднини,пријатели,колеги итн, да се вакцинираат.

Како се слави Нова година и Божиќ во вашето семејство вообичаено, а како ќе биде годинава?

Перцепцијата за Нова Година ми е како да е обичен ден,со минимум еуфорија.Нов предизвик за секој човек.Оваа година и Нова Година и Божиќ ги прославив во домашна атмосфера .Некои Нови години сум ги поминувала надвор од државата,и навистина убаво сум поминувала.Бадник и Божиќ ги сакам како празници,го почитувам фамилијарното и празничното.Тие се всушност најубавите денови од годината,кога сфаќаме дека семејството е најсветото нешто во животот.

Како ви поминува еден работен ден има ли разлика од пред и после пандемијата?

Има разлика, во дел на динамиката на функционирањето пред и за време на корона кризата.

Пред короната имав набиена агенда, многу состаноци, интензивни средби со претставници од различни даночни обврзници, од Коморите, јавните претпријатија, развиена соработка со други институции и многу разговори со колегите на различни теми.

Сега тие состаноци се десеткувани, најчесто се преку зоом платформата и сл.Но, обврските се истите, заложбите од ден на ден се зголемуваат, надлежностите се унапредуваат, се на се , настојувам да имам исполнет работен ден.

Препорака за граѓаните за празниците?

Да празнуваат одговорно, за да успееме да ја победиме короната.

Што треба да очекуваат скопјани следната година од УЈП, ќе има ли измени околу плаќањето даноци? Капитални проекти кои ви се на листа за следната година?

Стратегијата моја, на мојот заменик во УЈП,на раководниот кадар ,и на сите колеги е да имаме уште повеќе модернизирани електронски услуги во УЈП. Пофлексибилни и поолеснети процеси,дисциплинирани даночни обврзници ,борба со сивата економија, имплементација на повеќе законски новини,нови реформи ,и секако сето тоа заокружено со стабилен партнерски однос со Коморите,компаниите и граѓаните .

Што прво ќе направите откако ќе ја победиме пандемијата?

Ќе пијам кафе со другарките и ќе се видам со сите мои драги личности,со кои не се гледавме во време на пандемијата и секако не е на одмет и едно кратко патување.

Валентина Ангеловска

Поврзани вести

Британскиот сој на вирусот детектиран кај веќе оздравен скопјанец кој немал контакт со странец

Igor

(Видео) Ана од Кавадарци: Жртва сум на „Јавна соба“, доста е, ова треба да престане, секој може да објави и напише што сака

Igor

Починаа деветмина, нови 394 позитивни на Ковид 19

Valentina

Tensei shitara Slime Datta Ken 2nd Season Episode 1 at website https://animeheaven.pro animehaven

Rascal Does Not Dream of Bunny Girl Senpai Episode 13 at AnimeFreak anime freaks tv