June 25, 2022 10:55
Македонија

Лукаревска: Нема скандал во УЈП, навремено реагираме против сите кои избегнуваат данок

„Ние како УЈП веднаш алармиравме штом ги утврдивме незаконските дејствија од даночните обврзници. Затоа обидот за незаконско работење на одредени компании не може да биде скандал на УЈП. Тоа е незаконско работење на даночни обврзници кои се сопственички поврзани и менаџирање од едно исто сметководствено биро“ рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска во врска со наводниот скандал кој го објави опозицијата во емисијата „360 степени“ на АлсатМ.

Таа додаде дека станува збор за неосновано прикажување на бројки во фактурите на даночните обврнизици по препораки од страна на едно сметководствено биро. На ваков начин се обидувале да го попречат функционирањето на Законот за додадена вредност во врска со Законот за даночна постапка.

„Откако ги утврдивме дејствијата ние веднаш како институција го известивме Министерството за внатрешни работи уште во јули минатата година. Доставиме потоа и уште еден допиз, за да ги наведеме сите поединости“ рече Лукаревска.

Таа додаде дека се уште не може да се потврди конкретната сума на средства кои се предмет на предистражната постапка, но додаде дека тие кои го работат предметот, МВР и Основното јавно обвинителство ќе известат за тоа.

anh tài xỉu go88 hách go88 cách tải go88 cho iphone

https://tai.sunwin.gg/