June 23, 2021 07:16
Македонија

Лукаревска, Битиќи и Филипче, потпретседатели на СДСМ?

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска како и тројцата членови на Владата, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за здравство Венко Филипче и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски се кандидати за функциите потпретседатели на СДСМ.

Кој ќе биде избран ќе биде познато во недела кога социјалдемократите преку Зум ќе одржат дигитален изборен конгрес, на кој ќе се потврди изборот на Зоран Заев за старо-новиот лидер и ќе се избере заменик-претседател и Централен одбор, по што следува избор на нов Извршен одбор, потпретседатели, како и секретари – генерален секретар, организациски секретар и секретар за меѓународна соработка.

Во моментов функцијата потпретседател ја вршат Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Мила Царовска и Коста Петров, а на конгресот најверојатно нивниот број ќе се намали на три.

 

 

AnimeDao overlord animedao: Death Note Episode 37

4Anime anime online: Watch DARLING in the FRANXX (Dub) Episode 21 (https://4anime.biz/m/m1Dp/ep-21)