October 23, 2021 00:29
Спорт

Лукаку ѝ даде два гола на Вила, први негови на „Стенфорд Бриџ“

Челси стана само вториот тим кој стигнал до 600 победи во Премиерлигата (Манчестер јунајтед има 690) откако вечерва со 3-0 триумфираше против Астон Вила на домашен терен, натпревар кој ќе се памети по тоа што Ромелу Лукаку ги постигна своите први голови на „Стемфорд Бриџ“.

Иако и во минатото играше за Челси, Лукаку никогаш не постигна гол на овој терен, се до денеска.

Матео Ковачиќ изрежира минијатура на средината на теренот и со извонредна асистенција го проигра корпулентниот напаѓач, кој пак го легна Аксел Туанзебе на земја и погоди за 1:0. Белгиецот мајсторски се ослободи од дефанзивецот на Јунајтед кој игра на позајмица во Астон Вила, а тоа беше најава за нови три бода на „сините“.

Во вториот дел, Ковачиќ се запиша во листата на стрелците по една грешка во потесната одбрана, додека конечните 3:0 во судиското надополнување ги постави Лукаку. Напаѓачот го постигна својот втор гол со извонредна завршница, откако доби додавање од капитенот Аспиликуета.

Кристал Палас со 3-0 го победи Тотнем, Одсон Едвард имаше фантастично деби, постигнувајќи два гола иако влезе во финишот од мечот. Тотнем мечот го почна како лидер во Премиерлигата со три победи од три меча, но серијата денеска заврши.

По трите порази во првите три кола во кои не постигнаа ниту гол, Арсенал конечно се израдува на првата победа откако со 1-0 го добија Норич. Единствениот погодок го постигна Обамејанг во 66. минута од натпреварот.

Манчестер Сити со три бода се враќа од тешкото гостување кај Лестер, победи со 1-0. Бернардо Силва во 62. минута го постигна победничкиот гол за тимот на Пеп Гвардиола.

Манчестер јунајтед со 4-1 го победи Њукасл, а два гола беа дело на Кристијано Роналдо кој денеска го имаше второто деби за црвените ѓаволи.

AnimeBee Watch english anime Online in HD for FREE

Watch Rockman.EXE Beast Episode 25

Website https://animepahe.cc: Watch Akame ga Kill! Recap animepahe Episode Full - Raw anime stream

AnimeFreak Watch english anime Online in HD for FREE

Plimbi: https://www.plimbi.com/author/40965/animeflixnl

Gfycat: https://gfycat.com/@kissanimemx