February 17, 2019 11:16
Фудбал

Лукаку ја искоментира евидентната промена кај Погба по заминувањето на Мурињо

Ромелу Лукаку воглавно има улога на резерва откако Оле Гунар Солскјер пристигна на менаџерското столче на „Олд Трафорд“, но тоа не го обесхрабрува белгискиот напаѓач кој секогаш во прв план го става тимот и добрата хемија која владее меѓу играчите по доаѓањето на Норвежанецот.

Белгискиот напаѓач беше единствениот кој одби да направи споредба меѓу Солскјер и Мурињо поради огромната почит која ја чувствува кон Португалецот, меѓутоа и тој признава дека атмосферата во тимот сега е многу подобра, ставајќи ја на врвот насмевката на неговиот добар пријател Пол Погба.

– На тренинзите константно велиме дека Погба сега изгледа многу посреќно, а потоа тој ни возвраќа со насмевка. Сите се многу попозитивни и треба да продолжиме вака. Треба да уживаме во моментот, но да продолжиме напорно да работиме. Сите се вратија на своето највисоко ниво. Пол, Маркус, јас кога добивам шанса, а секако и Марсијал. Овој натпреварувачки дух е евидентен на тренинзите, дури и кога играме меѓусебно секој сака да се докаже пред тренерот и тоа е добро. Најважната работа е тимот, а таквиот пристап ќе не однесе далеку, – смета Лукаку.

Related posts

Лидс го потврди трансферот на голманот на Реал Мадрид

24info

Ова е супер идеалниот тим кој нема да ја „помириса тревата” на СП во Русија

24info

Телото на Сала уште не е најдено, а веќе летаат закани со тужби

24info