August 14, 2022 20:19
Спорт

Лукаку се враќа во Интер

Договорено е враќање на Ромелу Лукаку во италијанскиот вицешампион Интер, јавуваат денеска британските медиуми.

Според истите извори Челзи и Интер постигнале договор Лукаку следната сезона да настапува за калчолигашот како позајмен фудбалер, за што премиерлигашот ќе добие обесштетување од осум милиони евра.

Во Челзи првично бараа повеќе пари за Лукаку, но, во истовреме, сакаа и да се „ослободат” од белгискиот репрезентативец, кој е при врвот на нивниот платен список.

Лукаку минатото лето, откако ја освои шампионската титула со Интер, премина во Челзи во трансфер вреден 113 милиони евра, но имаше бледа сезона во лондонскиот клуб, постигнувајќи само осум голови во Премиер лигата.