Спорт

Луд пресврт на Тотенхем, со голови во 95 и 97 минута го победија Лестер

Натпревар со навистина луда завршница можевме да видиме на „Кинг Пауер“ стадионот на Лестер. Домашниот тим претрпе шокантен пораз од Тотенхем со 3:2 иако до 95. минута имаше предност од  2:1.

Патсон Дака во 24. минута го отвори резултатот и донесе водство за Лестер од 1:0, а до крајот на полувремето Тотенхем се врати со голот на Кејн и на пауза се замина со нерешен резултат.

Во вториот дел „лисиците“ постигнаа уште еден гол, преку Медисон и ја вратија предноста на своја страна.

И кога многумина мислеа дека Тотенхем повторно ќе испушти бодови на сцена стапи Стивен Бергвајн кој со два гола во 95. и 97. минута донесе голема победа за тимот од Северен Лондон.

Интересно е тоа што Антонио Конте даде дозвола Бергвајн да биде продаден во овој преоден рок, но двете понуди од Ајакс не ги задоволија апетитите на Тотенхем, па играчот остана во клубот.

Со головите на Стивен Бергвајн тимот од Лондон ја надмина и таа победа на Манчестер сити против КПР.
„Граѓаните“ со пресврт од 3:2 против Квинс Парк Ренџерс ја освоија титулата во Премиер лигата со голот на Серхио Агуеро.

Израмнувачкиот гол на Тотенхем дојде во 94 минута и 52 секунди, додека тој на Един Џеко беше во 91-та минута и 14 секунди.

free anime online. AnimeDao provides you a free anime streaming platform with little to no Ads for better viewing experience.

online anime AnimeDao Attack on Titan Final Season Part 2

watch anime online Higehiro: After Being Rejected, I Shaved and Took in a High School Runaway

Boruto: Naruto Next Generations

How a Realist Hero Rebuilt the Kingdom Episode 4

AnimeDao Tokyo Revengers