February 2, 2023 02:27
Спорт

Лудило во Австралија – во 4 часот наутро се славеше пласманот во осминафиналето

Австралија, вторпат во својата историја, успеа да се пласира во осминафиналето на Светско првенство во фудбал, предизвикувајќи луди сцени во земјата, иако се работеше за меч кој заврши во 4 часот наутро во оваа земја. Снимките од плоштадот „Фед“ во Мелбурн најдобро ја покажуваат радоста.

По импресивната 1:0 победа над Данска, популарните „Socceroos“ успеаја да завршат на второто место во групата Д, со ист број на поени како шампионот Франција, и интересно веќе во следната фаза можат да „налетаат“ на Аргентина. Сепак, засега, славјето може да продолжи.