Фудбал

Лоши вести: Докторот од доверба на Реал откри дека повредата на Касемиро е многу потешка од првичната дијагноза

Сантијаго Солари се пожали за пристапот на играчите на Селта и нивната агресивна игра на натпреварот кој се одигра изминатиов викенд, дуел на кој Реал Мадрид заврши со дури тројца повредени играчи.

„Кралскиот клуб“ во понеделникот излезе со соопштение за повредите на Начо и Касемиро, а еден ден подоцна истакна дека еден месец ќе паузира и младинецот Регуилон. Сепак, далеку поголемо внимание привлече она првото соопштение, во кое беше пренесено дека Начо ќе паузира два месеци поради повредата на коленото, а Касемиро три недели поради проблеми со зглобот.

Сепак, за жал, како што открива докторот од доверба на Реал, повредата на Бразилецот излегла далеку посериозна од првично пренесеното, па така дефанзивниот играч за врска може да паузира исто како и Начо, цели два месеци.

– Касемиро претрпе потешка повреда од очекуваното. Станува проблем за мембраната каде се спојуваат тибијата и фибулата. Тој беше на работ од операцијата и воопшто не е препорачливо да се брза со неговото враќање на теренот. Повредата е тешка како онаа на Начо и периодот во кој ќе отсуствува исто така ќе биде многу сличен, – открива Педро Луис Рипол, човекот кој редовно ги прегледува играчите на Реал.

Нови вести

Одличен гест на навивачите на Јувентус: Со кратка порака го испратија Даниеле Де Роси

24info

Алегри откри кога дознал дека веќе нема да го води Јувентус и додаде: Бидете подготвени за било што

24info

Бејл: Ако Реал не ме исплати за заминување, ќе останам и ќе играм голф

24info