February 3, 2023 15:37
Македонија

Лосон: Клучно е Северна Македонија да се справи со корупцијата која се влошува

Апсолутно е клучно Северна Македонија да се справи со корупцијата во земјава која се влошува. Ја имате британската поддршка за тоа, објави на официјалниот твитер профил амбасадорот на Обединетото Кралство Метју Лосон во земјава по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата – 9 Декември.

-Неодамнешните вознемирувачки извештаи сугерираат дека корупцијата во Северна Македонија се влошува, а не се подобрува. Корупцијата го поткопува владеењето на правото, создава недоверба во судството и ги ослабува јавните институции. Обединетото кралство ја поддржува Северна Македонија. Апсолутно е клучно справувањето со тоа, стои на твитер налогот на британскиот амбасадор Лосон.