June 26, 2022 15:57
Свет

Лондон: Русија со тенкови стари 50 години на јужниот дел од Украина

Копнените сили на руската армија продолжуваат со обидите за опколување на Северодоњецк и Лисичанска и неодамна зазедоа повеќе села северозападно од Попасна, објави Министерството за одбрана на Велика Британија во редовниот извештај на военото разузнавање.

Најголемиот руски притисок е насочен кон Северодоњецк, но Украина и понатаму има контрола над неколку добро одбранети сектори, поради што Русите сè уште немаат целосна контрола врз Донбас.

Изминатите денови, руските сили, веројатно, од складишта извлекоа тенкови Т-62, стари 50 години и ги префрлија на јужниот дел од Украина, се наведува во извештајот.

Како што се тврди, тие тенкови ќе бидат особено ранливи на противтенковско оружје, па се нагласува фактот дека на Русија ѝ недостасува модерна борбена опрема.

go88 life go88 md5 Go 88 | Cổng Game Đổi Thưởng Go88 Online Hàng Đầu

sunwin clan hop sunwin apkpure game bài sunwin