November 27, 2021 18:11
Македонија

Локални избори 2021: Први ќе гласаат 7921 болни и изнемоштени, 476 лица со Ковид-19 или во изолација, затворениците

Седмите локални избори во земјата ќе се одржат во недела, а утре гласаат болните и немоќните, лицата со Ковид-19 и во самоизолација, затворениците, лицата во притвор, во старските домови и внатрешнораселените лица.

Општинските изборни комисии ги прифатиле барањата на 7921 болно или немоќно лице да гласаат во своите домови, како и на 476 лица во самоизолација или домашен карантин поради Ковид – 19, информираат од ДИК за МИА.

Гласањето кај болните и немоќните лица ќе го спроведуваат членови на избирачките одбори каде што тие се пријавени со посета на нивните домови, додека за лицата со Ковид 19 и во изолација гласањето ќе го спроведат посебни избирачки одбори составени од здравствени работници.

На еден ден пред официјалното одржување на Локалните избори гласаат и затворениците, лицата во старските домови и внатрешно раселените лица. Според информациите од посебните изводи од Избирачкиот список, во казнено поправните установи, утре ќе гласаат 1899 лица, во старските домови 351, а право на глас имаат шест внатрешно раселени лица.

Првпат на овие избори ќе се применат уреди за биометриска идентификација на гласачите со отпечаток од прст, но за лицата што ќе гласаат утре овие уреди нема да се применуваат. Тие ќе гласаат како и досега со користење на Ув ламба, за проверка дали гласале и безбоен спреј, кој со проверка на УВ ламба покажува дали лицето гласало или не.

Резултатите од гласањето на овие лица ќе бидат познати во недела.

Naruto Soyokazeden Movie: Naruto to Mashin to Mitsu no Onegai Dattebayo!! Episode Full

ANIMEFLIX: Shuffle! (Dub) anime episode 24 online free at https://animeflix.nl anime sites

Website https://kissanime.mx: Watch Mirage of Blaze kissanime Episode 13 kissanime haikyuu

GoGoAnime Watch anime online, English anime online HD

AnimeHeaven: Xenosaga: The Animation anime episode 12 online free at https://animeheaven.pro anime sites