Скопје

Листа од првите 365 дена на Градоначалникот на Бутел – Велимир Смилевсли

Листа од првите 365 дена на Градоначалникот на Бутел – Велимир Смилевсли

Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски го даде својот отчет за сработеното во првата година од неговиот мандат.

Најнапред, во неговиот кабинет тој го презентираше комплетниот список на повеќе од 50 реализирани проекти кој ви го пренесуваме во целост.

  1. Поставено е ново улично осветлување на кракот од бул. ,,Македонско Косовска Бригада,, до ,,Смилевска,, именуван како ,,Словенија 03,,- 21 метален столб, висина: 4,5 м. со бетонски фундаменти, подземна електрична инсталација, натриумови светилки од 70 вати.
  2. Изградивме две улици: крак од улицата ,,3,, во Визбегово и крак од улицата ,,30,, во Љуботенски Пат. Нивната вкупна должина изнесува околу 400 м. а улицата во Љуботенски пат доби тротоар во должина од 190 м. од бекатон плочки обрабен со големи и мали рабници. Останува да се изврши нивното асфалтирање, веднаш штом ќе почнат со работа асфалтните бази.
  3. Вредна за споменување е и новата меѓународна манифестација на општина Бутел: есенски базар на домашни ракотворби: ,,Занаетчиски колаж 2017,, која ќе стане традиционална.
  4. Реализирана е големата акција за чистење на општина Бутел во рамките на чистењето на Скопје.
  5. Ја одбележавме 108-та годишнина од раѓањето на поетот и револуционер Никола Јонков Вапцаров.
  6. Го завршивме проектот за млади лидери со завршната манифестација: ОРАТОРСКА ВЕЧЕР.
  7. Избравме три најубаво накитени дворови и куќи по повод новогодишните и божиќните празници.
  8. Организиравме новогодишна прослава за учениците од основните училишта во големата сала на Општина Бутел и доделивме околу 1000 новогодишни пакетчиња.
  9. Инсталиравме посебна линија за јавувања на граѓаните за пожари на отворено, како активност за намалување на загаденоста на воздухот.
  10. Во градинката ,,11Октомври,, (матичен објект) во Скопје Север заменета е кровната конструкција над двата влеза.
  11. Отворени денови на Општина Бутел за учениците од основните училишта ( досега две организирани посети), исто така за граѓаните има прием секој ПЕТОК.
  12. Активности околу формирање на ЕКОНОМСКИ ФОРУМ на општина Бутел, повеќе средби, активности, донации со и од Здружението на стопански субјекти од индустриската зона Визбегово.
  13. Покажавме грижа за спортот и спортистите, а доделивме и благодарници на државните прваци ви кик-бокс.
  14. Отворивме матична служба во просториите на Општина Бутел и создадовме услови за користење на големата сала за венчавки на нашите граѓани.
  15. Иработка на проект за изградба на пешачка патека на последната автобуска станица на бројот 59, кон реката Серава.
  16. Средба- трибина на градоначалникот Велимир Смилевски и министерот за земјоделие Љупчо Николовски со земјоделците од Општина Бутел, со цел подобро искористување на средствата од ИПА – фондовите.
  17. Акција за чистење на хаварисани возила од јавните површини.
  18. Општина Бутел се приклучи во одбележувањето на Светската иницијатива: ,,Со велосипед на работа во зимски услови,,. Градоначалникот секој петок доаѓа на работа со велосипед.
  19. Актиности за подобрување на условите за работа на ОУ ,,Лиман Каба,, во Љуботен.
  20. Реализирана е акцијата за чистење на просторот околу АКВАДУКТОТ.
  21. Општината го помогна и активно учествуваше во одржувањето на ЉУБАНСКИОТ КАРНЕВАЛ 2018, што се одржа на Прочка во Љубанци.
  22. Изработен е изведбен проект за изградба и асфалтирање на две улици во Визбегово со вкупна должина од 2 000 метри.
  23. Изработен е изведбен проект за изградба и асфалтирање на две улици во Радишани на две улици во должина од 200 м.
  24. Завршен е проектот за поставување на ново улично осветлување во с. Љуботен.
  25. Изработен е проект за пешачка патека долж реката Серава на потегот од с. Радишани ( последна автобуска станица на 57) до ОУ ,,Ацо Шопов,,
  26. Повеќе акции за подобрување на чистотата во Општината (две есенски, една пролетна)
  27. Спроведена долгорочна акција за собирање на електронски отпад.
  28. Повеќе културни манифестации како:
  29. Ликовната колонија ,,Љубаци 2018,,
  30. Етно изложба ,,Цветници,,
  31. Ликовна изложба на над 50 дела од ликовните колонии одржани во претходните три години ,,Љубанци 2015/16/17.
  32. Прв фестивал на лубеницата ,,Љуботен 2018,,
  33. Уличното осветлување континуирано се подобрува: Индустриска зона Визбегово 27 нови метални столбови,
  34. Осветлени се дворовите на сите детски градинки,
  35. 34 натриумови светилки од 70 вати и нова инсталација на ул. ,,Натанаил Кучевишки,,
  36. Осветлени се и две нови патеки на ул. ,,Втора Македонска бригада,, и бул. ,,Босна и Херцеговина,,.
  37. Континуирано одржување на постојното улично осветлување.
  38. Обновување на детските забавни игралишта за најмладите. Изградени две нови.
  39. Градежно – молерски активности скоро во сите основни училишта за подобрување на условите за настава во учебната 2018/19 год.
  40. Темелна реконструкција наматичниот објект на ЈУ Детска градинка ,,11Октомври,, и јаслениот оддел на градинката во Радишани ,,Ташко Караџа,,.
  41. Асфалтирање на ул. ,,3,, (краците 1,2 и 3) во Визбегово во должина од 750 м.
  42. Асфалтирање на два крака на ул. ,,Марко Крале,,
  43. Рехабилитација и санација на ул. ,,Душко Поповиќ,, во Бутел1
  44. Асфалтирање на две улици во с. Радишани.
  45. Одржани се бројни настани:
  46. Светски Ден на мирот,
  47. Европска недела на спортот,
  48. Детска олимпијада
  49. Изработен е Проект – план за улиците, фекалната и водоводната мрежа во индустриската зона во Визбегово во соработка со Министерството за транспорт и врски.
  50. Заедно со Градот Скопје ја пуштивме во употрба новата делница на булеварот ,,Христијан Тодоровски Карпош,, ( прва фаза)
  51. Стартувавме со проширување на бул. ,,Босна и Херцеговина,, на потегот од бул. ,,Словенија,, до крстосницата со ,,Кемал Сејфула,,.
  52. Стартувавме со изградба на атмосферска канализација на улицата ,,Александар Урдаревски,, на потегот од кружниот тек до семафорот ( прва фаза), а до ,,Бутелска,, ( втора фаза).
  53. Изградба на 6 пешачки патеки. Две се готови 4 се во тек на изградба со вкупна вредност од 4 295 673 ден.
  54. Проект за обезбедување на 14 лични асистенти, кои ќе се грижат за деца со посебни потреби во основните училишта во Општина Бутел.

Related posts

„Го сакам Водно“ најавија од утре жив ѕид за одбрана на Водно

24news

Прва Детска олимпијада во општина Бутел

24news

ВО НЕДЕЛА ВО СКОПЈЕ: Пренасочување на сообраќајот и сменети автобуските линии- еве ги деталите

24news