Македонија

Лирман: ЕУ и Бугарија да го исполнат ветувањето кон Северна Македонија

Државната министерка во германското Министерство за надворешни работи Ана Лирман смета дека се многу позитивни и охрабрувачки сигналите од првата средба на македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега, премиерот Кирил Петков во Скопје.

Во интервју за интервју за Дојче веле, Лирман изразува надеж дека земјава наскоро ќе ги почне преговорите со ЕУ.

ЕУ и Бугарија, потенцира министерката, треба да си го одржат ветувањето кон Северна Македонија

Германската министерка го посети Скопје во понеделникот и беше прв странски дипломат кој се сретна со новиот премиер Ковачевски и со повеќе владини претставници.

-Убав сигнал е тоа што новата македонска и бугарска влада отворено се придвижија. Се надевам дека билатералните теми кои постојат во тој билатерален формат набрзо ќе се надминат. И за мене беше многу важна мојата посета, затоа што се случи веднаш по формирањето на новата влада и тоа му беше првата посета на новиот премиер (на С. Македонија, н.з.) и тоа покажува колку се добри односите меѓу Северна Македонија и Германија, што посетата се случи толку брзо, истакнува Лирман за Дојче веле.

Важно е, додава, што почнаа разговорите со Бугарија и тоа што се одвиваат во билатерален формат.

-И од Скопје и од Софија пристигнаа позитивни, охрабрувачки сигнали и постои свест дека е важно што побрзо да се почне со пристапните преговори со ЕУ, нагласува министерката.

На прашањето да ги коментира критиките кон бугарскиот премиер Петков по враќањето во Софија, и подготвеноста на Германија да ги поддржи преговорите меѓу двете земји, Лирман вели дека процесот треба да остане билатерален, но и дека интересот на новата бугарска влада треба да биде фокус на домашните приоритети.

-Важно е сите ние како ЕУ- а тука припаѓа и Бугарија- да си го одржиме ветувањето кон Северна Македонија и Албанија. Ние сме подготвени да го поддржиме тој процес, но во најголем дел се работи за билатерален процес. Мислам дека и за новата бугарска влада приоритет е да продолжи со сопствената реформска агенда и дека постои желба историјата да им се остави на историчарите, вели Лирман.

Лирман, која дојде на функцијата по формирањето на новата германска влада во декември минатата година, вели во интервју за Дојче веле дека не случајно ги одбрала Скопје и Тирана како адреси за нејзиното прво патување во странство, а целта била да се покаже посветеноста на германската влада на европската перспектива на земјите од регионот.

 

gogoanimehub. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

watch animes Naruto: Shippuden (Dub)

gogoanime in GoGoAnime Fairy Tail

Mushoku Tensei: Jobless Reincarnation Cour 2 Episode 4

anime gogo GoGoAnime That Time I Got Reincarnated as a Slime

anime streaming Attack on Titan Final Season