Македонија

Лирман: Важно е ЕУ, каде што припаѓа и Бугарија, да си го одржи ветувањето кон Северна Македонија и Албанија

Државната министерка во германското МНР, Ана Лирман ги поздрави позитивните сигнали од првата средба на македонскиот и бугарскиот премиер во Скопје. Таа во разговор за „Дојче Веле“ изрази надеж дека Северна Македонија наскоро ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ.

„Важно е што започнаа разговорите со Бугарија, и тоа што се одвиваат во билатерален формат. И од Скопје и од Софија пристигнаа позитивни, охрабрувачки сигнали и постои свест дека е важно што побрзо да се почне со пристапните преговори со ЕУ“, реле Лирман.

Додаде дека искучително е важно ЕУ – а тука припаѓа и Бугарија- да си го одржи ветувањето кон Северна Македонија и Албанија. „Ние сме подготвени да го поддржиме тој процес, но во најголем дел се работи за билатерален процес. Мислам дека и за новата бугарска влада приоритет е да продолжи со сопствената реформска агенда и дека постои желба историјата да им се остави на историчарите“, вели Лирман.

Лирман, која дојде на функцијата по формирањето на новата германска влада во декември минатата година, вели во интервју за Дојче веле дека не случајно ги одбрала Скопје и Тирана како адреси за нејзиното прво патување во странство, а целта била да се покаже посветеноста на германската влада на европската перспектива на земјите од регионот.

https://gogoanime1.be/. GogoAnime.be - The best website to watch anime for free thousands of anime episodes. Watch anime online in English at GoGoAnime. Subbed, Dubbed, No ADs.

GoGoAnime Fairy Tail (Dub)

Tokyo Revengers (Dub)

anime streaming GoGoAnime Tokyo Revengers

gogo anime tv My Hero Academia Season 3

free anime online Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba (Dub)

tải go88