June 19, 2019 03:38
Спорт

Липи се враќа на селекторското место во Кина четири месеци по оставката

Поранешниот тренер на Јувентус, Марчело Липи повторно е назначен за селектор на кинеската фудбалска репрезентација, само четири месеци по напуштањето на таа функција.

Липи доаѓа на местото на поранешниот дефанзивец на Реал и Јувентус и светски шампион со италијанската репрезентација Фабио Канаваро, кој ја напушти функцијата во април.

Под раководство на 45-годишниот Канаваро, кинескиот национален тим одигра два натпревара на кои загуби од репрезентацијата на Тајланд и Узбекистан.

Липи веќе беше селектор на Кина од 2016 до 2019 година. Замина по елиминацијата во четвртфиналето на Азискиот куп. 

Нови вести

Фелисијано Лопез вмешан во местење натпревари

Filip

Федерер со победа ја започна сезоната на трева

Filip

Родригез ќе ја продолжи кариерата во Наполи

Filip