October 18, 2021 11:51
Магазин

Линда Евангелиста тврди дека е трајно деформирана од нуспојава на козметичка процедура

Една од легендарните супермодели од раните 90-ти, Линда Евангелиста, претходно откри дека дека е „брутално изобличена“ од несакан ефект поврзан со козметичка процедура направена пред пет години, а во средата на својот инстаграм-профили таа го објасни своето отсуство од јавниот живот.

Поранешниот супермодел (56) се врати чекор назад во очите на јавноста кога откри дека причината за нејзината повлеченост е зафат што ја обезличил.

Во објавата на социјалните мрежи модната икона од деведесеттите тврди дека била „трајно деформирана“ поради ретка несакана последица од постапка за намалување на маснотиите.

Според Линда, таа била подложена на CoolSculpting постапка за намалување на масните клетки, но наместо тоа постапката ги зголемила, нуспојава за која таа тврди дека не била предупредена, па сега ќе преземе правни мерки.

Таа развила парадоксална хиперплазија на мастното ткиво – редок, претходно непријавен негативен ефект на криолиполиза, пријавен во 0,0051% од 1,5 милиони процедури на CoolSculpting извршени ширум светот.

Препознатливото лице на Линда Евангелиста ги красеше насловните страници на голем број светски списанија. Таа до неодамна беше еден од ретките модели кои можат да се пофалат со 30-годишна кариера во рамките на модната индустрија.

Cafe de Oni (https://animefreak.ws/m/Nwo0) Episode Full

AniWatch: Gangsta. anime episode 12 online free at https://aniwatch.pro aniwatch me

Urusei Yatsura (https://animeflv.uk/m/LNG) Episode 195

GoGoAnime: Beyond the Boundary: I'll Be Here - Past (Dub) anime episode Full online free at https://gogoanime.be one punch man season 2 gogoanime

Linkedin: https://www.linkedin.com/in/animefreakws/

Zeef: https://zeef.com/profile/kissanime3