December 15, 2019 06:30
Балкан

Лимај: Коалицијата Нисма – АКР ќе има шест пратеници во косовското Собрание

Социјалдемократската иницијатива (Нисма) ја поздрави одлуката на Изборниот панел за поплаки и претставки (ПЗАП) за бришење од конечните резултати на парламентараните избори од 6 октомври на гласовите од Србија, по што коалицијата на оваа партија со Алијансата ново Косово (АКР) го преминува прагот од пет отсто за добивање места во Собранието на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лидерот на Нисма Фатмир Лимај на прес-конференција изјави дека по одлуката на ПЗАП коалицијата која тој ја предводи има освоено 5,12 отсто од гласовите и ќе има шест пратеници во новиот Парламент.

Лимај ја оцени одлуката на ПЗАП како храбра и законита, а ја обвини Централната изборна комисија (ЦИК) дека минатиот четврток, на 7 ноември, извршила изборен фалсификат, со тоа што објави нерегуларни конечни резултати, со кои коалицијата остана надвор од Собранието со освоени вкупно 4,98 отсто гласови.

– ЦИК објави нерегуларен резултат и тоа не е конечен резултат. Одлуката што денеска ја донесе ПЗАП за поништување на неисправните гласови од Србија и пребројувањето на 1.472 гласачки места покажа дека ЦИК нема прогласено баш ништо, затоа што немаше регуларни резултати, изјави Нисма.

Одлучувајќи по поплаките на учесниците на изборите во врска со резултатите што ги објави ЦИК, ПЗАП денеска да ја прифати жалбата на коалицијата Нисма –АКР за бришење од конечниот резултат на гласовите стасани од Србија и ѝ наложи на ЦИК да изврши пребројување на гласовите во 1.472 гласачки места.

Нови вести

Кучан: Ноќта кога почна војната го барав Туѓман, ми рече„мислите дека Хрватска ќе влезе во војна поради Словенија?

Igor

ЕУ најави донаторски собир за обнова на Албанија по земјотресот

Igor

Се апсат градежници виновни за жртвите во земјотресот во Драч, осомничен и полицаец

Igor