December 10, 2022 00:29
Магазин

„Лимак“ трчаше на Wizz air маратон за поддршка на децата од СОС Детско село

Со поддршка и учество „Лимак“ беше дел од еден од најпопуларните спортски настани во земјава, Скопскиот Wizz Airмаратон. Тимови составени од членови на менаџментот и на вработените, вклучувајќи ја и претседателката на компанијата, ЕбруОздемир, земаа активно учество на маратонот. Тимот на „Лимак“ трчаше за повисока цел и со дополнителна мотивација да обезбеди поддршка заСОС Детско село, кое им нуди топол дом на деца без родителска грижа. „Лимак“ ја потврди својата поддршка со донација на средства во висина од 155.000 денари за СОС Детско село и стана СОС пријател.

„Сакам да спортувам и да ги поместувамсопствените граници. Сум учествувала на многу маратони во различни места и средини и не можев да ја испуштам можноста да трчам во Скопје“, вели Оздемир, додавајќи: „обезбедувањето подобра иднина за децата и сите идни генерации отсекогаш бил значаен аспект на нашите општествено одговорни иницијативи во Турција и ширум светот. Како одговорна компанија, посветени сме да направиме разлика преку програми со општествено влијание и да креираме поинклузивно општество во кое сите ќе можат да имаат подобар живот. Овој маратон е значаен за натпреварувачите, но истовремено за нас претставува важна платформа за да испратиме порака и да ја зголемиме свесноста за поддршка на СОС Детско село Скопје. Се надеваме дека во блиска иднина ќе има повеќе компании и поединци што ќе ја поддржат оваа организација“.

СОС Детско село од 2002 година тесно соработува со локалната заедница и е важна непрофитна организација која обезбедува поддршка на згрижувачки семејства за деца без родителска грижа. Преку различни програми, СОС Детско село продолжува да ги развива своите активности, приспособувајќи се на променливата општествена и економска состојба. Тековната кампања на СОС Детско село „Стани СОС пријател“ има целна сите општествено одговорни компании и поединци да им овозможи да помогнат и да ги поддржат потребите на организацијата.

„Нашата мисија е мошне одговорнаи значајна, бидејќи даваме поддршка на згрижувачките семејства  и топол дом на деца кои се оневозможени да растат со своите биолошки семејства. Во оваа наша мисија да создадеме услови за раст и развој на децатаво безбедна семејна средина од драгоцено значење е поддршката од заедницата, а особено од корпоративниот сектор. Само заедно и со сплотени сили можеме да успееме во остварување на нашата мисија, што воедно е и наш директен придонес кон создавање на подобра иднина за децата од ранливите групи “, истакна Јулијана Накова Гапо, националната директорка на СОС Детско село.

„Лимак“ го гради мултифункционалниот комплекс „Diamond of Skopje“кој е сместен во строгиот центар на главниот град. Изградбата на комплексот е во тек, а зафаќа површина од 325.000 квадратни метри. Се градат четири резиденцијални објекти со дополнителен деловен простори 3.200 местаза паркирање, современ трговски центар и голема подземна сообраќајница која ќе го спојува источниот со западниот дел од градот. Дел од комплексот е и хотелот со пет ѕвездички „Limak Skopje Luxury Hotel“, кој успешно работи повеќе од една година. Вкупната инвестиција во комплексот е во висина од 250 милиони евра.

ЛимакСкопје е дел од групацијата „Лимак“ која со свои деловни активности во градежништво, енергетика, туризам, инфраструктура и други дејности е присутна во повеќе од 17 земји во светот и има повеќе од 60.000 вработени.