August 7, 2020 17:18
Спорт

Лилард со 31 поен го предводеше Портланд до триумф над Њујорк

Портланд забележа убедлив триумф со 115:87 над Њујорк на натпреварот од кошаркарската НБА-лига, одигран утрово. Мечот го одбележа настапот на Дејмиан Лилард кој со 31 постигнат поен го предовдеше Портланд до триумфот.

За Портланд ова беше десетта победа на 25 одиграни средби оваа сезона, додека Њујорк е тимот со најлош биланс досега со само четири победи и дури 20 порази.

Резултати на другите три натпревари од НБА лигата играни ноќта вторник кон среда:

Шарлот – Вашингтон 114:107
Мајами – Атланта 135:121
Филаделфија – Денвер 97:92.