February 23, 2019 20:37
Скопје

Лизгалиштето „ЕУ за тебе“ од денеска дел од „Винтерленд“

Вљубениците во зимските спортови од денеска ќе можат бесплатно да се рекреираат на лизгалиштето „ЕУ за тебе“ што е поставено на плоштадот „Македонија“ и е дел од новогодишната населба „Винтерленд“. Лизгалиштето за граѓаните денеска го отворија градоначалникот Петре Шилегов и евроамбасадорот Самуел Жбогар. Први на мразот излегоа деца – членови на Федерацијата на лизгачки спортови кои ги покажаа своите вештини.

-Голема благодарност до ЕУ што го препознава новиот лик на Скопје. Уште од првиот ден кога го најавив Винтерленд, имавме договор со ЕУ за донација на лизгалиштето и драго ми е што сега заедно им овозможуваме на граѓаните да уживаат во уште едно катче од предновогодишната атмосфера во Скопје. Среќен сум што лизгалиштето на ЕУ во склоп на Винтерленд уште од првиот ден се поддржани и посетени од голем број на наши сограѓани. Уверен сум дека ваквата соработка помеѓу Град Скопје и ЕУ ќе продолжи во иднина и ќе овозможат уште нови и убави моменти за граѓаните, изјави Шилегов

Годинешната новогодишна програма на Град Скопје и „Винтерленд“ се поддржани од Делегацијата на Европската Унија во нашата земја која го обезбедува лизгалиштето што е поставено на плоштадот „Македонија“ и ги поддржува настапите на средните училишта на Град Скопје кои се дел од забавните содржини во новогодишната населба.

Град Скопје ги поканува граѓаните да дојдат и да уживаат во содржините на новогодишната населба „Винтерленд“, што ја сочинуваат украсени куќички, катчиња за детски игри и занимливости за посетителите од сите возрасти.

Од овој викенд во „Винтерленд“ почна и официјалната новогодишна забавна програма, која во текот на работната недела почнува од 17 или од 18 часот, а во текот на викендите од 11 или од 12 часот. Забавата во „Винтерленд“ трае до 22 часот, а во некој денови и до полноќ.

Целосната програма за „Винтерленд“ може да ја најдете на www.skopje.gov.mk, и на социјалните мрежи на Град Скопје.

 

 

Со почит,

Град Скопје

Related posts

Цената на водата во Скопје останува иста, Шилегов го повлече предлогот за поскапување

24news

Двокатниот автобус за туристичко разгледување ја смени рутата

24info

Продолжува проектот за собирање електричен отпад: “Донеси стар уред и земи ваучер за нов“

Igor