November 24, 2020 07:17
Спорт

Лидс на Алиоски и го нанесе првиот пораз на Астон Вила сезонава

Тимот на Лидс синоќа ја победи Астон Вила на гостински терен со 3:0. За гостите цел натпревар одигра македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски.

Херој на мечот беше Патрик Бамфорд кој ги постигна трите гола во периодот од 55 до 74. минута.

Астон Вила која го претрпе првиот пораз оваа сезона во Премиер лигата, по пет одиграни натпревари има 12 бода и на 2. место на табелата.

Лидс од шест средби има 10 бода за во моментов трето место.