August 21, 2019 01:51
Свет

Лидерите на 35 земји го потврдиле учеството на самитот Русија-Африка

Околу 35 лидери на африкански држави досега официјално го потврдиле своето учество на самитот Русија-Африка и се очекува да се пријават уште повеќе учесници, вели рускиот председателски пратеник за Блискиот Исток и Африка и заменик-министер за надворешни работи наРусија, Михаил Богданов, пренесува ТАСС.

„Речиси сите сакаат да присуствуваат. Околу 35 лидери официјално го потврдија своео учество. Верувам дека ќе дојдат најмалку 40 лидери, а бројот на учесниц] ќе расте. Ја чувствуваме посветеноста на нашите партнери и нивниот интерес,” вели тој.

Според Богданов, самитот Русија-Африка може да се одржува на секои две или три години.

„Тоа не е еднократен настан, туку почеток на долг пат и би сакале да продолжиме со него на секои две до три години. Се разбира, местото ќе се смени”, посочи тој.

Првиот самит Русија-Африка треба да се одржи во рускиот град на Црното Море, Сочи, на 24 октомври 2019 година. На форумот ќе копретседаваат претседателите на Русија и на Египет, Владимир Путин и Абдел Фатх ал-Сиси, кој го држи претседателството со Африканската унија во 2019 година.

На самитот му претходеше серија настани. На 20-21 јуни, Москва беше домаќин на економската конференција Русија-Африка, по што следеше парламентарна конференција на Русија и Африка на 3 јули.

Нови вести

„Фејсбук“ ќе престане да ве следи на интернет, но ќе мора да го побарате тоа

Filip

Италијанскиот претседател Матарела од утре почнува консултации со лидери на партии

Filip

Лекари без граници: Потона брод со 100 мигранти во близина на Либија

Filip